Привремениот претседател на Египет, Адли Мансур денеска го именува либералниот економист и поранешен министер за финансии Хазем ел Беблави за претседател на преодната египетска влада.
Како што јави ИТАР-ТАСС, 76-годишниот Беблави најверојатно ќе формира привремен владин Кабинет составен од технократи.
Новиот премиер беше вицепремиер за економски прашања и министер за финансии во Кабинетот на Исам Шараф во 2011 година. Тој поднесе оставка во октомври истата година, откако 26 лица, главно христијани, беа убиени од страна армијата и силите за безбедност при растурање на демонстрации.
Вршителот на должноста претседател на Египет во исто време го назначи поранешниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Мохамед ел Барадеј за нов вицепремиер одговорен за надворешната политика.
Тврдокорната исламистичка партија Нур, која го превенираше политичкиот процес, изразувајќи резерви за неколку претходно предложени кандидати, соопшти дека ќе го поддржи назначувањето на Беблави. Таа дополни и дека се уште го рзагледува именувањето на Барадеј.