Либералите во водство на изборите во Австралија, покажуваат првични резултати од гласањето

Од:

Првичните резултати од гласањето на парламнтарните избори во Австралија покажуваат дека владеачките либерали, сепак, се во мало водство, иако анкетите пред гласањето им даваа блага предност на опозициските лабуристи.

Час и половина по затворањето на првите избирачки места, австралиската радиодифузна корпорација јави дека врз основа на 6,7 отсто од преброените гласови, Либералната партија во моментов има 39 места во парламентот, а Лабуристичката партија 29, пренесува Би-Би-Си.

За победа на изборите на либералите ќе им бидат потребни најмалку 76 пратенички места.

Избирачките места претходно беа затворени во повеќе сојузни држави, вклучувајќи ги Нов Јужен Велс, Викторија, Тасманија, Квинсленд, Јужна Австралија, како и северните територии и териториите Канбера, а гласачите во Западна Австралија имаат уште малку време да гласаат, наведува Би-би-си.

Последните избирачки места, две избирачки места на далечната австралиска територија на островите Килинг, ќе бидат затворени за два часа, јавува британската телевизија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Стотици илјади луѓе во Австралија се без струја поради тропската бура „Алфред“

Повеќе од 35 лица се повредени во судир на две воени возила во Австралија

Горан Наумовски

Австралија: Втора медицинска сестра обвинета за закани на израелски пациенти

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он