Либерал-демократите бараат нов референдум за излез од ЕУ

Од:

Тим Ферон, претседателот на либерал-демократската партија од Британија бара нов референдум за излезот на земјата од Европската Унија по одлуката на Врховниот суд, процесот да го врати во Парламентот.

„Оваа влада се повикува на демократскиот процес само кога тоа ќе им одговара, но не сакаат последниот глас да им го дадат на граѓаните“ изјави Тим Ферон.

Тој смета дека одлуката на Врховниот суд е добра, а според таа одлука Парламентот ќе мора да гласа за тоа дали владата ќе може да го започне процесот на излез од ЕУ, односно започнувањето на Членот 50 од Лисабонскиот договор.

„Либерал-демократите се јасни. Бараме ново гласање на луѓето за конечниот договор и без нов референдум ние нема да гласаме за Член 50.“ заврши претседателот на Либерал-демократската партија.

Иако судот одлучи Парламентот да мора да се произнесе по Член 50, односно започнување на излезот од ЕУ, Британската влада смета дека може да го започне процесот и според нив работите ќе си течат според досегашниот распоред.

Би можело да ве интересира

Рокас: Реформската агенда од Планот за раст не е замена за членството во ЕУ

ЕУ: Безусловно повлекување на руските сили од Украина, предуслов за укинување на санкциите

ЕК: Повлекувањето на Русија од Украина е главен услов за укинување на санкциите на ЕУ кон Москва

Кина подготвува уште посилен удар за Западот

Горан Наумовски

Политико: Каја Калас се соочува со критики затоа што сè уште се однесува како премиер

Зеленски бара пет милијарди евра од ЕУ