Летовите во САД се враќаат во нормала

Од:

Американските авиокомпании очекуваат денеска да се вратат во целосно нормален ритам на работа по вчерашниот дефект во компјутерскиот систем за следење летови, додека Федералната управа за авијација продолжува да ги истражува причините за падот на системот.

Повеќе од 11.300 летови биле одложени или откажани вчера, а изутрината 76 биле откажани, а уште 577 биле одложени, покажуваат податоците на веб-страницата Флајтауер.

Големите авиокомпании, меѓу кои се „Делта Ерлајнс“, „Јунајтед Ерлајнс“, „Американ Ерлајнс“ и „Саутвест Ерлајнс“ очекуваат сите летови да се вратат во нормален распоред до крајот на денот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Во САД поради зимската бура откажани 1.400 летови

Горан Наумовски

Истрагата откри што предизвикало приземјување на сите летови во САД минатата недела

Ана Ололовска