Летовите се откажани, а наставата е прекината во неколку провинции во Турција поради лоши временски услови

Од:

Поради неповолни временски услови, вклучувајќи обилни снежни врнежи, мраз и ниски температури, денес во Турција беа откажани бројни летови, додека наставата беше суспендирана во неколку провинции, соопштија властите.

Портпаролот на „Туркиш ерлајнс“, Јахја Уштун, изјави дека за 31 декември се откажани 61 лет, главно кон источните и централните делови на земјата, нагласувајќи дека безбедноста на патниците е приоритет, објави Анадолу.

Поради лошите временски услови, наставата беше привремено суспендирана во бројни провинции и области низ Турција.

Повеќето гувернери одлучија да ја суспендираат наставата во сите јавни и приватни образовни институции, вклучувајќи ги градинките и центрите за рехабилитација, за еден или два дена, додека бремените жени, лицата со попреченост и хронични заболувања вработени во јавниот сектор беа испратени на административен одмор, објави „Хуриет“.

Турските власти ги повикаа граѓаните да бидат претпазливи поради мразот и снежните наноси и да избегнуваат патувања освен ако не е потребно.

Би можело да ве интересира

Повеќе македонски села останаа без струја поради снежните врнежи

А1он

Во Крушево паднаа 40 сантиметри снег

А1он

Забрана за тешки товарни возила на планинскиот премин Стража

Повеќе од 400 сообраќајни несреќи во Баварија поради снегот, се превртуваа и камиони

Брисел и Атина против турско-либискиот договор

(ВИДЕО) Снегот ја парализира Србија, колони возила на автопатот „Милош Велики“

Горан Наумовски