Лернер: Ќе ги интензивираме нападите врз објектите на Хамас во Газа

Од:

На конференцијата на израелската војска (ИДФ) беше речено дека Израел продолжува да ги следи воените цели во Газа, вклучително и оние кои претставуваат закана за израелските копнени сили, пишува Sky News.

Портпаролот на армијата потполковник Питер Лернер тврди дека во изминатите 24 часа повеќе од 150 ракети истрелани од палестинскиот исламски џихад и Хамас промашиле и паднале во Појасот Газа.

„Овие ракети убиваат невини цивили“, рече Лернер.

Тој ги обвини палестинските групи дека „го убиваат сопствениот народ со овие неуспешни лансирања“. Тој рече дека хуманитарната ситуација во Газа е под контрола.

Портпаролот рече дека Израел ќе ги засили нападите врз објектите на Хамас во Газа додека се подготвува за следната фаза од војната.

Досега 700.000 жители на Газа се упатиле кон југ по израелска наредба, рече портпаролот. Тој зборуваше за заложници кои ги држат милитантите на Хамас.

“Хамас киднапираше 210 луѓе. Израелската армија постојано го истражува случајот со заложниците и открива нови информации. Семејствата на киднапираните се информирани за развојот на настаните. Покрај тоа, загинаа 307 војници на ИДФ”, рече Лернер.

Би можело да ве интересира

Повеќе од половина милион раселени Палестинци се враќаат во северниот дел на Газа по 15 месеци

Хезболах ги отфрли причините за продолжување на рокот за повлекување на израелските војници

Хамас: Бројот на загинати во Газа се искачи на 47.283, тела се наоѓаат под урнатините

А1он

Ал Џезира: Израелски воени бродови го гранатираа брегот на градот Газа

Главни точки од договорот за прекин на огнот помеѓу Израел и Хамас

А1он

Израел го потврди историскиот мир во Газа