Леонид Ринк тврди дека Навални не можел да биде отруен со неговиот агенс „новичок“

Од:

Авторот на отровниот агенс „новичок“, Леонид Ринк, денеска изјави дека Организацијата за забрана на хемиско оружје во испитуваните примероци на Алексеј Навални не откри фосфорни фрагменти што би укажувале на тоа дека врз него бил употребен агенсот.

Ринк за телевизијата „Русија 1“ изјави дека од западни извори слушнал дека во примероците на Навални е пронајдена трага од амид.

-Може да го дувате случајот, но нема да најдете друга компонента на фосфорот, рече Ринк.

Во случај на труење со „новичок“, смета тој, фрагментот од фосфор би останал во телото и би можел да се открие и пред амидот, а сега е доцна да се бараат некои други траги, бидејќи тие се целосно отстранети.

-Поминаа толку многу недели, така што, како што велат, клиентот е чист подолго време, додаде Ринк.

Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ) објави дека во телото на рускиот опозиционер и блогер Алексеј Навални е пронајдена супстанца слична по карактеристика на „новочок“, но која не се наоѓа на списокот на забранети хемикалии.

Би можело да ве интересира

Имаме документи кои докажуваат дека Навални бил отруен во затвор тврди руски Инсајдер

Московскиот суд ја потврди одлуката за апсење на Јулија Навални во отсуство

Судот во Москва издаде потерница по Јулија Навални

Горан Наумовски

„Волстрит журнал“: Путин не наредил ликвидација на неговиот политички ривал Навални

Навални пред смртта напишал автобиографија

Рокот за прелиминарната истрага за смртта на Навални е продолжен