Леми: Лабуристите сакаат безбедносен пакт со Брисел

Од:

Британската Лабуристичка партија сака да склучи заеднички безбедносен пакт со ЕУ, кој ќе опфати широк спектар на прашања, вклучувајќи одбрана, климатска криза, пандемии и недокументирана миграција, изјави новиот министер за надворешни работи на Велика Британија, Дејвид Леми.

Тој изјави за Гардијан дека безбедносниот пакт нема да ја загрози посветеноста на лабуристите да остане надвор од единствениот пазар на ЕУ и царинската унија.

Леми посочи дека сака „структуриран дијалог“ со ЕУ и изјави дека Лабуристичката партија сака безбедносна соработка со ЕУ во структура слична на Советот за трговија и технологија ЕУ-САД, кој е составен од бројни поткомитети и одржува годишен самити

Би можело да ве интересира

Познат британски политичар уапсен под сомнение дека силувал деца

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон