ВИДЕО: Лекарите се борат за животот на 14-годишната Пакистанка што говореше против талибаните

Од:

Пакистанските лекари во средата го отстраниле куршумот со кој ден претходно беше ранета 14-годишната Пакистанка Малала Јусуфзаи којашто стана позната откако проговори против талибаните.

Малала Јусуфзаи беше ранета во вторникот откако во неа стрелаше талибан и се наоѓа во критична состојба. Погодена е во главата и во вратот кога напаѓачот пукал врз училишниот автобус во кој се наоѓала Јусуфзаи во долината Сват, северозападно од главниот град Исламабад.

Јусуфзаи стана позната во целиот свет откако медиумите го пренесоа нејзиното размислување против талибаните во моментот кога се чинеше дека дури и пакистанските власти се решија да ја препуштат контролата врз долината Сват на талибаните. Талибаните воспоставија во оваа област свои судови, убиваат локални жители и ги затвораа училиштата за девојчиња, како што е и тоа во кое учела Јусуфзаи. Таа беше снимена во документарен филм како низ солзи зборува дека нејзината желба е да стане лекарка.

Подоцна пакистанската армија презема офанзива против талибаните и ја поврати контролата врз долината Сват, а Јусуфзаи ги доби највисоките цивилни одликувања и од тогаш почна да прима многу закани.

Највисоките функционери од Пакистан, САД, Обединетите наии и меѓународните здруженија за човекови права како Amnesty International го осудија нападат врз девојчето.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица