Лекари без граници спасиле повеќе од 11 илјади бегалци

Од:

Меѓународната хуманитарна организација Лекари без граници соопшти денеска дека спасила 11.456 бегалци од Средоземното Море од почетокот на мај.

Оваа организација, која управува со трите спасувачки бродови покрај брегот на Либија ја повика исто така Европската унија да го зајакне финансирањето на Грција и Италија, за да им се помогне на тие две држави да се изборат со приливот на бегалци.

Директорот за операциите во Средоземното Море Пола Фаријас изјави дека бегалците во овие две држави често пати се сместени во ужасни услови.

Оваа хуманитарна организација, позната по своите проекти во земјите погодени од војни, почна со спасувачките операции на 3 мај со брод, со кој управува заедно со една приватна организација од Малта, а кон спасувачките операции се приклучија уште два брода.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција го отвора преминот Јајладаги за безбедно враќање на сириските мигранти

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

Ердоган и Киличдароглу не сакаат Турција да е „магацин“ за сириските бегалци

Горан Наумовски

УНХЦР: Во 2022 година 100 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови