Поранешниот претседател на Полска, добитник на Нобелова наград за мир Лех Валенса, го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека објавил му војна на светот бидејќи не ги почитува меѓународните обврски на Русија кон Украина, како и нејзината територијална целост.
– Ситуацијата на исток сега е многу опасна. Кога се предаваше нуклеарното оружје големите сили дадоа гаранции за територијалната цеост на Украина, а тој (Путин) тоа го оспорува, го прекрши договорот и му објави војна на светот, изјави синоќа Валенса на свечената промоција на Полска вои Европскиот парламент.
Некогашниот лидер на отпорот во Полска оцени дека Путин во меѓународните односи се користи со недозволени методи, користи оружје.
– Тоа е многу опасно, мора да бидеме солидарни и исправно да одговориме, посочи Валенса.
Новиот шеф на Бирото на одбранбените иницијативи Ромуалд Шереметјев, за разлика од Валенса оцени дека Русија не сака војна бидејќи е свесна оти со НАТО може да се мери само во нуклеарниот потенцијал, но не и во конвенционалното оружје, каде предност имаат земјите-членки на НАТО, а посебно САД.
– Русија сака да навлезе на теритириите на земјите-членки на НАТО и да провери во која мерка НАТО ќе реагира. Добар терен за таков експеримент се балтичките земји каде постои големо руско малцинство. Русија сама да се придвижува кон Запад милиметар по милиметар, не метар по метар, изјави Шереметјев.