Францускиот министер за внатрешни работи Бруно Ле Ру поднесе оставка од неговата функција, истовремено афирмирајќи ја неговата „чесност“.
Брзото заминување на Ру од оваа висока функција, е само потврда на определбата што ја имаше Франсоа Оланд дека нема да толерира неговите министри да имаа афери.
На местото на Ле Ру, веднаш беше назначен за нов министер за внатрешни работи Матиас Фекл.
Оставката на министерот за внатрешни работи Бруно ле Ру, доаѓа само еден ден откако во една телевизикса емисија беше откриено дека тој ги вработил своите две ќерки за време на училишниот распуст како парламентарни асистентки.
Во периодот од 2009 до 2016 година биле склучени 14 договори на одредено време за едната и 10 за другата ќерка, додека Ле Ру беше парламентарец, за вкупен надоместок од 55.000 евра. Од кабинетот на Ле Ру не се демантира веста, но се тврди дека неговите ќерки ги вработувал за време на летниот одмор како асистентки на одредено време, но не постојано. Сега ќерките на министерот се на возраст од 23 и 20 години, а просечната возраст на еден парламентарен асистент е 40 години.
Министерот денеска е повикан на разговор кај премиерот Бернар Казенев, кој изјави: „Кога сме приврзаници на авторитетот на државата, тогаш сме беспрекорни пред инсититуциите“.
По што следуваше оставката на Ле Ру, кој на оваа функција помина само неколку месеци, откако денес Јавното обвинителство за финансиски предмети отвори истрага за оваа афера.
Оваа нова афера со вработувања на свои блиски како парламентарни советници, доаѓа по аферата со сопругата на поранешниот премиер Франсоа Фијон, кој сега е официјално обвинет поради фиктивни вработувања, но тоа не го попречува да биде кандидат за претседател на Републиканците.