Лидерката на француската екстремна десница Марин Ле Пен ја поздрави одлуката на претседателот Емануел Макрон за одржување нови парламентарни избори во таа земја, откако неговата партија Преродба доживеа пораз на изборите за Европскиот парламент.
„Подготвени сме да ја преземеме власта доколку Французите ни дадат доверба на претстојните национални избори“, рече Ле Пен, пренесе Ројтерс.
Макрон објави дека ја распушта владата на земјата и најави парламентарни избори за 30 јуни и 7 јули.
Според сегашните резултати, „Преродба“ на Макрон освои 15,2 отсто од гласовите, додека „Национален собир“ околу 32 отсто од гласовите, 10 отсто повеќе отколку на последните избори за Европскиот парламент во 2019 година, што ја прави фаворит на претседателските избори во 2027 година.