Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека се обидува да ја уништи државноста на Украина, предупредувајќи дека „безбедноста“ на нејзиниот претседател Володимир Зеленски е загрозена.
– Ова е тотална војна. Путин одлучи… да ја симне Украина од картата на нациите, изјави Ле Дриан за радиото Франс Интер.
Тој додаде дека Франција е, исто така, „загрижена“ за можна руска воена офанзива против Молдавија и Грузија, две други постсоветски држави.