Лажните дневници на Хитлер достапни за јавноста

Од:

Лажните интимни дневници на нацистичкиот лидер Адолф Хитлер ќе бидат префрлени во германскиот национален архив со што ќе станат достапни за јавноста, објави германскиот неделник Stern.

Пред триесет години овие лажни дневници беа претставени во Хамбург како сензационално откритие на истиот неделник Stern, едно од највлијателните германски и европски списанија, пренесе Макфакс.

Новинарот на Stern, Герд Хејдеман ја 25-ти април 1983 година ги претстави 62-та тома на дневникот кои неделникот ги купил за тогашни неверојатно многу 9,3 милиони германски марки.

Правосудната полиција и архивот од градот Кобленц открија дека станува збор за апокрифно дело коешто го лажирал Конрад Кујау, наводен колекционер. Весникот Stern беше принуден да се извини, а неговите уредници поднесоа оставки. Неделникот нагло го загуби угледот и доживеа огромен пад на продажбата.

Фалсификаторот Кујау и новинарот Хејдеман во 1985 година беа осудени на по четири години затвор

Би можело да ве интересира

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени

АфД ја именуваше Алиса Вајдел за свој кандидат за канцелар на претстојните избори

Протести против АфД во Германија, полицијата употреби солзавец против демонстрантите