Лажна телевизиска екипа шверцувала пари и дрога во Никарагва

Од:

Судот во никарагванскиот главен град Манагва, осуди на по 30 години 18 Мексиканци, кои во Никаргва се обидоа да внесат 9,2 милиони американски долари, лажно претставувајќи се на границата како новинарска телевизиска екипа.

Мекисиканците од властите на оваа средноамериканска држава беа обвинети за перење пари и за организирање шверц на дрога меѓу Мексико и Костарика, преку територијата на Никарагва. Сите се уапсени уште во август минатата година, откако локалната погранична полиција откри големо количество американски долари и траги од кокаин, во шест комби возила, обележани со логото на една мексиканска телевизиска мрежа.nikaragva-tv-droga1

Единствената жена во оваа лажна телевизиска екипа, Ракел Алатера Кореа, од судот е означена како водач. Таа беше осудена на 35 години затвор, но казната и беше по автоматизам намалена, затоа што никарагванскиот кривичен закон предвидува максимална казна затвор од 30 години. При изрекувањето на пресудата судијата рече дека таа ќе излезе од затворот во 2042 година.

Централна Америка забрзано се претвора во транзитен пат за наркобандите од Мексико, за префрлање на дрогата и парите што се добиваат од нејзиното продавање.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Дрога, оружје, пари и мобилни телефони најдени при претрес кај скопјанец

А1он

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел

Полицијата уапси дилер во Штип, пронајдена е дрога во неговиот дом

Горан Наумовски