(ВИДЕО) Лажен курир на електричен велосипед го уби екс претседателот на украинскиот парламент

Од:

Андриј Парубиј, украински политичар познат по својата улога како поранешен претседател на Собранието и неговиот значаен придонес за време на протестите на плоштадот Мајдан во 2013 и 2014 година, беше убиен денес во Лавов.

 

Претходно, Националната полиција изјави дека политичка фигура е убиена во пукотница во западниот дел на Украина.

Ирина Херашченко, пратеничка од партијата Европска солидарност, потврди за Киев Индепендент“ дека Парубиј е жртва на овој трагичен инцидент.

Веста за неговата смрт ја потврди претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Министерот за внатрешни работи, Игор Клименко, и генералниот обвинител, Руслан Кравченко, ме информираа за првите познати околности на ова ужасно убиство во Лавов. Андреј Парубиј почина“, напиша претседателот Зеленски.

Полицијата објави дека властите добиле пријава за пукање во јужен Лавов околу пладне, а жртвата починала на самото место.

Службениците сè уште не коментирале за можни осомничени или мотив за злосторството. Повикувајќи се на извори, медиумите објавија дека осомничениот напаѓач бил облечен како курир, возел електричен велосипед.

Според изворите, напаѓачот му се приближил на Парубиj, отворил оган и избегал од местото на злосторството со велосипедот. На местото на настанот се пронајдени седум чаури, што го потврдија и полициски извори.

Би можело да ве интересира

Естонија испрати писмо до ЕУ: „Ги има милион, ќе бидат вооружени, ќе бидат испратени во Европа“

Епстајн заговараше државен удар во Украина

Горан Наумовски

Лавров: Трамп не можеше да поверува што слушна од својот руски колега за време на разговорот во Алјаска

Шмихал: Нема струја за стотици илјади граѓани во Киев

Нов баланс на моќ: Европа брзо ја презема улогата на американската разузнавачка служба во Украина

Две лица загинаа во напад на руски дрон во регионот на Киев