Лавров: Западот се обидува да ја политизира декларацијата на Г20

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека западните земји се обидуваат да ја политизираат заедничката декларација на самитот на Групата 20 најголеми економии во светот (Г20).

Во нацртот на завршната декларација од самитот на лидерите на Г-20, кој започна денеска, се наведува дека мнозинството членки најостро ја осудуваат војната во Украина и нагласуваат дека таа ја влошува нестабилноста во глобалната економија, пренесе Ројтерс.

Лавров на новинарите во Бали, каде што ја предводи руската делегација на самитот на Г-20, изјави дека работата на финалниот документ е при крај и дека западните земји се обиделе на секој начин да ја политизираат декларацијата, така што таа имплицира осуда на постапките на Русија во име на целата Г20, односно самата Москва, пренесува РИА Новости.

Би можело да ве интересира

Лавров: Европските лидери кои беа против прекинот на огнот се предомислија

Лавров: Спремни сме за нов договор за Црното Море ако Зеленски истиот го почитува

Западот сака да ја скроти Русија, тоа Наполеон и Хитлер веќе го пробаа

Путин го одликува Лавров на неговиот 75-ти роденден

Лавров: Не ме интересира ставот на ЕУ за Украина, имаме „нормални“ разговори со американски претставници

„Фирер“, така Лавров ја нарече претседателката на Европската Комисија

Горан Наумовски