Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пристига денеска во Истанбул на средба со турскиот колега Ахмет Давутоглу во рамки на Советот за соработка на високо ниво меѓу двете држави.
Тоа е трета годишна средба на заедничката група за стратешко планирање меѓу Русија и Турција која дејствува под закрила на Советот за соработка на високо ниво.
На средбата на групата ќе бидат разгледани билатералните односи, анализирани можностите за соработка во нови области и ќе бидат разменети мислења за регионални и меѓународни прашања, јавуваат турски медиуми.
За време на разговорите ќе се анализираат и перспективите за соработка во Црноморскиот регион како и перспективите за заемни акции во рамки на Организацијата за црноморска економска соработка.