Лавров: Убиството на Сулејмани е кршење на меѓународното право

Од:

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, во телефонски разговор со државниот секретар на САД, Мајк Помпео, рече дека убиството на иранскиот командант Касем Сулејмани претставува кршење на меѓународното право,соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Како што се наведува во соопштението, Лавров и Помпео разговарале за ситуацијата во врска со убиството на Сулејмани за време на воздушниот напад на американските војници на аеродромот во Багдад.

– Лавров истакна дека намерните постапки на земја-членка на ОН, насочени кон ликвидација на службеник на друга земја-членка на ОН, особено на територијата на трета суверена држава, без претходно известување, е грубо кршење на принципите на меѓународното право и дека тоа треба да се осуди, се наведува во соопштението на руското Министерство.

Лавров го повика Вашингтон да стави крај на „нелегалните насилни тактики“ и да ги решава проблемите на преговарачка маса.

– Рускиот министер истакна дека овој потег на САД е со сериозни последици за мирот и безбедноста во регионот и дека не помага во напорите да се изнајдат решенија за тешките прашања што се насобрале на Блискиот исток. Напротив, тоа води до нов бран на ескалација, се додава во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

Би можело да ве интересира

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот

Лавров: САД почнуваат подобро да ја разбираат позицијата на Русија

Лавров: Русија и САД постигнаа договор за создавање услови за обновување на целосната билатерална соработка

Москва и Вашингтон се договорија да започнат процес за решавање на конфликтот во Украина

Горан Наумовски

Лавров не знае што ќе направи Европа на преговарачка маса за да се реши прашањето за војната во Украина

Лавров оди во Ријад на разговори со Американците