САД, и останатите членки на коалицијата, во Сирија се наоѓаат илегално, и нивните акции се во спротивност со меѓународното право, оцени шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, по состанокот со колегите од Иран и Турција, во Женева.
Пред почетокот на работата на Сириската уставна комисија во Женева, Лавров оцени дека заштитата на нафтените полиња во Сирија од милитантите на Исламска држава е само изговор САД да останат во оваа земја, пренесе Тасс.
-Стручњаците во САД почнаа расправа за тоа како да го проценат тоа што во моментов се случува во оваа земја и ние апсолутно се согласуваме со нивното мислење. Тие ги истакнаа пресудите на меѓународните судови во слични ситуации дека било какво експлоатирање на природните ресурси на современите земји без нивно одобрение е илегално, истакна Лавров.
Тој додаде дека Русија го дели истито став и дека ќе продолжи да го брани.
Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата сугерираше дека „Ексон Мобил“ или некоја друга американска нафтена компанија може да работи на сириските нафтени полиња, што наиде на критика на правните експерти, но и за енергетика.