Лавров: Русија нема да поддржи санкции против Сирија

Од:

Русија нема да поддржи санкции против Сирија, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Објавена е операција „Дамаски вулкан“, „Битка за престолнината“, „Решавачка битка“ и во врска со тоа да се прифаќа резолуција, која забранува еднострани потези на владата, би било укажување директна поддршка за револуционерното движење, рече министерот.

– Ако тоа е револуција, ОН немаат ништо заедничко со неа, истакна Лавров. Ќе видиме, разговорите продолжуваат, но Поглавјето 7 (од Уставот на ОН) и санкции не можеме да прифатиме, рече тој.

Русија не го поддржува режимот на Башар Асад, но смета дека тој сам нема да се повлече од претседателската функција во Сирија, изјави Лавров.

– Ако се продолжи со политиката која се гради на поддршка за опозицијата, треба да е јасно дека таа не води до никаде, бидејќи Асад сам нема да си оди, додаде Лавров.

Специјалниот пратеник на ОН и на Арапската лига Кофи Анан го поддржува предлогот на Москва Групата за дејствие за Сирија да биде свикана уште веднаш, при што ќе бидат поканети Иран и Саудиска Арабија, истакна Лавров.

Би можело да ве интересира

Баербок: Преговорите меѓу Русија и САД се во ќорсокак

Ритер: САД ќе се согласат со повеќето услови на Русија за решавање на конфликтот во Украина

Киев: Русите регрутираат млади државјани на Украина за терористички и диверзантски активности

Русија: Не може да го прифатиме сегашниот мировен договор на претседателот Трамп

Руските специјалци убија напаѓач кој пукаше од покривот на зграда во Мурманск

Русија тврди дека ноќеска уништила 66 украински беспилотни летала

Горан Наумовски