Лавров: Русија нема да ја паузира воената операција во Украина за нови рунди мировни преговори

Од:

Русија нема да ја паузира воената операција во Украина за нови рунди мировни преговори, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Руските власти рекоа дека мировните преговори со Украина не напредуваат толку брзо како што би сакале и го обвинија Западот дека се обидува да ги поткопа преговорите обвинувајќи ги руските сили за воени злосторства, што Москва го негира.

Во интервју за руската државна телевизија, Лавров рече дека не гледа причина да не ги продолжат разговорите со Украина, но инсистираше на тоа дека „Москва нема да ја прекине својата воена операција кога двете страни повторно ќе се сретнат“.

Лавров рече дека „рускиот претседател Владимир Путин наредил суспензија на воената операција за време на првиот круг од преговорите кон крајот на февруари, но ставот на Москва оттогаш се променил“.

„Откако се уверивме дека Украина не планира да одговори со иста мерка, беше одлучено дека во текот на следните рунди преговори нема да има пауза (во воената акција) додека не се постигне конечен договор“, рече Лавров.

Минатата недела тој го обвини Киев дека на Москва и предал „неприфатлив“ нацрт мировен договор што отстапува од договорот што двете страни го постигнаа претходно. Киев ја отфрли оценката на Лавров како тактика за поткопување на Украина или одвлекување на вниманието од обвиненијата за воени злосторства.

Во интервјуто Лавров, исто така, вели дека повиците на европскиот министер за надворешни работи Жозеп Борел до Европската унија да продолжи со вооружувањето на Украина се „многу сериозен пресврт“ во европската политика.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија