Лавров: Русија е за мирно решение во Источна Украина

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска во разговор со државниот секретар на САД Џон Кери изјави дека Москва е подготвена да стори се што може за охрабрување на бунтовничките сили да работат за мирно решение на конфликтот во Источна Украина.

Лавров изрази подготвеност на Русија да стори се што е во нејзина моќ за охрабрување на сите страни во конфликтот за мирно решавање, соопшти руското министерство за надворешни работи.

Во соопштението на руското МНР се наведува дека каков било вистински резултат може да биде постигнат само со директен дијалог меѓу Доњецк и Луганск, што Киев ги избегнува со сите средства, очигледно воспоставувајќи курс за воена интервенција во Источна Украина.

Во телефонски разговор со Лавров Кери предложил проширување на групата меѓународни преговарачи што би помогнало во дијалогот меѓу Киев и проруските сили, се наведува во соопштението.

Лавров денеска телефонски разговарал и со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини во кој изразил уверување дека Москва сака да го поттикне Киев во правец на политички дијалог со проруските сили во Источна Украина.

Рускиот министер за надворешни работи го повторил ставот на Москва дека Киев е одговрен за интензивирање на борбата во Источна Украина во изминатите неколку дена.

Би можело да ве интересира

Руте: Украина ќе биде членка на НАТО

Рјабков: Русија го предупредува Израел да не ги напаѓа иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

Руте: Украина мора да биде способна да ги започне преговорите со Русија од позиција на сила

Горан Наумовски

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија