Планот на претседателот на САД, Доналд Трамп, за прекин на војната во Појасот Газа, и покрај тоа што е општ, моментно е најдобрата опција на маса, изјави денес рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Во интервју за проектот „Мостови кон Исток“, тој нагласи дека Русија го смета планот на Трамп за позитивен чекор, бидејќи главната цел е „брзо да се прекине крвопролевањето, да се спасат животи и да се обнови Појасот Газа, градот Газа или она што останало од нив“.
Тој, исто така, изјави дека Русија верува дека овој план е реалистичен ако Палестинците го прифатат и додаде дека е важно да престанат сите непријателства.