Лавров: Нова „железна завеса“ се спушта меѓу Русија и Западот

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека се спушта нова „железна завеса“ меѓу Русија и Западот по офанзивата на Москва во Украина.

– Што се однесува до Железната завеса, во суштина, таа веќе се спушта, изјави Лавров пред новинарите Минск, главниот град на Белорусија. Процесот е започнат, додаде тој.

Лавров, исто така, оцени дека односите меѓу Русија и Европската Унија повеќе не постојат.

– (Европската Унија) ги уништи односите што беа градени со децении меѓу нас и ЕУ, рече шефот на руската дипломатија, додавајќи дека Москва е сè уште отворена за преговори.

– Можам само да кажам дека отсега нема да им веруваме ниту на Американците ниту на ЕУ. Ќе направиме се што е потребно за да не зависиме од нив во критичните сектори, рече Лавров.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот