Лавров: Недозволиво е САД да ги делат терористите на „лоши“ и „добри“

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денеска дека е недозволиво САД да ги делат терористите на „лоши“ и „добри“, обвинувајќи го Вашингтон за двојни стандарди во однос на тероризмот, јави ИТАР-ТАСС.

Тој истакна дека „Исламска држава“, прогласена за главен непријател на Вашингтон, е составена од истите луѓе, кои добивале „моќно финансирање“ од странство во периодот на соборување на режимот во Либија и оти во Сирија биле правени истите обиди.

– Тогаш „сите средства беа добри“ а Американците и Европејците и тие изјавија дека „ја поддржуваат борбата против тие антинародни режими, рече Лавров.

Според него, Москва го предупредувала Западот, дека во редовите на бунтовниците има многу „екстремисти и терористи“, но предупредувањата биле занемарувани.

– Ако се бориме со тероризмот, треба да го правиме тоа насекаде и секогаш. Не треба да ги сметаш терористите за „добри“ затоа што тие помагаат за соборување на лидер, кој лично тебе не ти се допаѓа, и покрај тоа што е избран, легитимен и раководи земја-членка на ОН, заклучи Лавров.

Би можело да ве интересира

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска