Лавров: Москва е подготвена да преговара со претставници на сириската опозиција

Од:

Москва е подготвена да преговара со претставници на сириската опозиција вклучително и на Сириската слободна армија, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Изјавата на Лавров кој е во посета на Словенија, е дадена по став на командант на Армијата Салим Идрис дека во секое време може да се сретне со руски официјални лица.

– На знам за таа изјава, но ако е така ние сме отворени за разговори со сите групи, изјави Лавров.

Тој доадде дека Русија е против вооружување на сириската опозиција бидејќи противречи на меѓународното право. Според него, доставувањето оружје за бунтовниците значи дека се бара воено сценарио, а не барање излез од кризата со политички средства.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја: Испраќањето војници во Украина би било во согласност со меѓународното право

(ВИДЕО) Русија со дрон погоди станбена зграда во Киев и предизвика пожар на првите катови

ВИДЕО: Руски конвој нападнат во Чеченија, има мртви и ранети

Катерина Ѓуровски

Русија им дала на Хутите клучни информации за ракетните напади врз бродови во Црвеното Море објави „The Wall Street Journal“

Новите воени мапи откриваат масовна руска пенетрација на фронтот

Русија: ЕУ свесно прави економски криминал на глобално ниво