Лавров: Конфликтот нема да заврши додека Западот не се откаже од плановите да ја победи Москва

Од:

Вооружениот конфликт во Украина ќе продолжи се додека Западот не се откаже од плановите да доминира и да ја порази Москва, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за индонезиски весник објавено во средата.

Целта на „колективниот Запад предводен од САД“ е да ја зајакне својата глобална хегемонија, изјави Лавров за весникот „Компас“.

Рускиот министер треба да присуствува на самитот во Источна Азија и на регионалниот форум на АСЕАН во Џакарта оваа недела, како и американскиот државен секретар Антони Блинкен.

Лавров, исто така, го обвини Киев дека го игнорирал мировниот план на Индонезија и наместо тоа, промовира сопствен „пакет ултиматуми“. Украина го отфрли индонезискиот план, кој вклучуваше повик за формирање на демилитаризирана зона, повторувајќи го ставот на Киев дека Русија треба да ги повлече своите војници од Украина, потсетува Ројтерс.

Би можело да ве интересира

Русите напредувале 4 километри кај Угљедар, припадниците на ВСУ побегнале од позициите

Предраг Петровиќ

Русија одби: Мировен план само според ситуацијата на теренот

(ВИДЕО) Голем напад со дронови на Русија, наредена евакуација: оштетена трафостаница кај нукеларката во Запорожје

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Лавров: Се однесуваат како мали деца

Катерина Ѓуровски

Предупредување од Москва: Подгответе се, доаѓаме по вас

Катерина Ѓуровски

Британија нема да дозволи Украина да гаѓа цели во Русија без согласност на САД