Лавров изрази огорченост во розговорот со Кери поради тврдењата за корумпираност на Путин

Од:

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изрази огорченост за време на телефонскиот разговор со државниот секретар на САД Џон Кери поради „измислените и бесрамни обвиненија“ против руското раководство, изречени од високорангирани претставници на администрацијата на американскиот претседател. 

Во соопштението на руското МНР е истакнато дека за растот на тензииите во билатералните односи во целост е виновен Вашингтон, јави ТАСС. 

Кремљ порано денеска соопшти дека тврдењата на американски претставници дека рускиот претседател Владимир Путин  е корумпиран се навредливи и претставуваат обид да се влијае на наредните претседателски избори во земјата. 

– Таа објава е невидена и навредлива. Гледаме дека преку море почнаа да се подготвуваат за руските претседателски избори што ќе се одржат за нешто повеќе од две години, изјави на конференцијата за печат потпаролот на Кремљ Дмитриј Песков. 
Претставници на Министерството за финансии на САД изјавија неодамна за Би-Би-Си дека рускиот претседател Владимир Путин е корумпиран и оти американските власти знаат за тоа „многу години“. 

– Видовме како овозможува богатење на своите пријатели, блиски соработници и како ги маргинализира оние кои тој не ги гледа како пријатели, користи државни сретства. Без оглед дали станува збор за руското енергетско богатство, или за други државни договори, управува со оние за кои верува дека ќе му служат, а ги исклучува оние за кои не го мисли тоа. За мене тоа е слика на корупција, објасни во емисијата „Панорама“ Адам Зубин. 
Зубин го надгледува споведувањето на санкциите на американското Министерство за финансии кон Русија. 
Потпаролот на Белата куќа Џош Ернест вчера изјави дека изјавата на Зубин најдобро го отсликува ставот на администрацијата на американскиот претседател Барак Обама.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ердоган не може да биде посредник во разговорите меѓу Русија и Украина

Русија и Украина разменија 53 заробеници, меѓу нив и активистот и новинар Нариман Џелал

(ВИДЕО) Пожар во студентски дом во Русија, најмалку петмина загинати

Кремљ: ЕУ ќе ја предводат две жени кои не сакаат нормализација на односите со Русија

Четири лица, меѓу кои и деца загинаа во пожар во Русија

(ВИДЕО) Во Русија: Воз со 232 луѓе излета од шините, многумина се повредени