Лавров и Гутереш разговараа за проблемите во светот

Од:

Решавањето на конфликтите во Сирија и Либија и борбата против коронавирусот беа во фокусот на телефонскиот разговор меѓу рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Клучно внимание било посветено на проблемите во Сирија и Либија со фокус на одредени аспекти на активностите на Обединетите нации за овие прашања, се наведува во документот.

Двајцата функционери разговараа и за работата на Светската здравствена организација во одговорот на последиците од пандемијата на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Лавров: Европските лидери кои беа против прекинот на огнот се предомислија

Лавров: Спремни сме за нов договор за Црното Море ако Зеленски истиот го почитува

Западот сака да ја скроти Русија, тоа Наполеон и Хитлер веќе го пробаа

Путин го одликува Лавров на неговиот 75-ти роденден

Лавров: Не ме интересира ставот на ЕУ за Украина, имаме „нормални“ разговори со американски претставници

„Фирер“, така Лавров ја нарече претседателката на Европската Комисија

Горан Наумовски