Лавров и Фабиус го осудија нападот во Париз

Од:

Министрите за надворешни работи на Русија и Франција Сергеј Лавров и Лоран Фабиус имаа денеска телефонски разговор, во кој го осудија терористичкиот напад во Париз и ја потврдија неопходноста од заеднички напори во борба против терористичките закани, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Лавров изрази жалење поради вчерашниот напад врз редакцијата на сатиричниот неделник „Шарли ебдо“ во центарот на Париз, во кој загинаа 12 лица.

– Министрите за согласија дека оваа трагедија ја потврдува неопходноста од натамошни заеднички напори во борбата против терористичките закани, нагласи руското МНР.

Според Министерството Лавров и Фабиус исто така разговарале за прашања, поврзани со уредувањето на украинската криза.

Лавров разговарал со германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер, при што двајцата се согласиле за зацврстување на позитивните тенденции во решавањето на украинската криза по средбата на 5 јануари во т.н. „нормандиски формат“.

– Тие разменија мислења по средбата меѓу политичкит директори на министерствата за надворешни работи на Русија, Германија, Франција и Украина во Берлин на 5 јануари, а исто така и во врска со тековната ситуација во југоисточна Украина, соопшти руското МНР

Би можело да ве интересира

„Шарли Ебдо“ повторно ги објави карикатурите на Мухамед поради кои беше мета на џихадистите

Ана Ололовска

„Шарли ебдо“ и по пет години по нападот остануива критичар на општетсвото

Ана Ололовска

Џихадистот Петер Шериф почнува со отслужување на петгодишна казна затвор

Ана Ололовска

Во Џибути уапсен џихадист поврзан со нападот врз „Шарли ебдо“

Ана Ололовска

Контроверзна карикатура на „Шарли Ебдо“ за сексуалните напади во Келн

Ана Ололовска

Една година по нападите против Шарли Ебдо и Хипер Кашер

Емир Латифовиќ