Лавров: Гутереш потклекна на притисокот и не остана неутрален за ситуацијата во источна Украина

Од:

Русија упати остри критики за изјавите на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за ситуацијата во зафатената источна Украина.

„На наше големо жалење, (Гутереш) потклекна на притисокот од Западот и даде неколку изјави за настаните во источна Украина кои не одговараат на неговиот статус и овластувања според Повелбата на ОН“, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Гутереш мора да одржува неутралност и „должен е секогаш да се залага за директен дијалог меѓу конфликтните држави“, рече Лавров.

Генералниот секретар на ОН вчера ја осуди Русија за ескалацијата во украинскиот конфликт и повика на почитување на меѓународното право.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Киев е под притисок да заборави на НАТО и да го прифати признавање на Крим како дел од Русија

Горан Наумовски

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Владимир Путин потпиша неколку закони, меѓу кои и Законот за странски агенти

Трамп: Можен е договор меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

Зеленски: Соодветно ќе одговориме на руските напади