Лавров: Блискоисточната четворка не е доволна за решавање на конфликтите во регионот

Од:

Конфликтите на Блискиот Исток не можат да се решат единствено во рамки на четворката составена од Европската унија, Русија, САД и Обединетите нации и потребно е да се побара соработка со Арапската лига, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Со години потенцираме на состаноците на четворката дека овој формат не е доволен за ефикасно решавање на тековните проблеми и за изработка на суштински предлози и спогодби, изјави Лавров на прес-конференција.

Тој додаде дека е потребно четворката да се состанува за секој поединечен случај со претставници на Арапската лига не само за да ги информира за одлуките кои ги донела, туку заедно со неа да ги изработува спогодбите и одлуките.

Блискоисточната четворка беше формирана за да помогне во обновување на израелско-палестинскиот мировен процес.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина