Во речиси празната сала на градското собрание во Стокхолм, додека оркестарот изведуваше класични нумери, синоќа се поделија годинешните „Нобеловата награда“, на лауреатите кои беа оддалечени илјадници километри од Стокхолм, во местата во кои живеат.
Шведскиот крал Карл Шеснаесетти Густаф, кој вообичаено ги доделува наградите на лауреатите, од кралскиот дворец изјави дека ова навистина е една поинкава церемонија.
Церемонијата на доделување на наградите се пренесуваше во живо, а сите лауреати останаа во своите домови поради пандемијата на коронавирусот.
Мајкл Хотон, кој заедно со Харви Алтер и Чарлс Рајс ја добија „Нобеловата награда за медицина“,во моменто на добивањето на наградата беше во својата градина во Калифорнија, облечен во секојдневна облека. Нобеловецот за книжевност Луиз Глик ја доби наградата во нејзината градина во Бостон, исто така во едноставна облека, додека Рајнхард Генцел се одлучи за смокинг.
Некои од добитниците носеа маски кога им беа врачени медалот и дипломата, со парична награда од 10 милиони круни (1,1 милиони американски долари).
Бидејќи годинашната церемонија беше откажана поради пандемија, лауреатите беа поканети да присуствуваат на следната, доколку епидемиолошката состојба тоа го дозволи.
Традиционално, сите раскошни церемонии на Нобеловата награда се одржуваат на 10 декември, годишнината од смртта на основачот на Нобеловата награда, Алфред Нобел, во Стокхолм, освен наградата за мир што се одржува во Осло, во соседна Норвешка, од причина што Нобел ја задржаа за себе.