Лаја: ЕУ разгледува воведување санкции против поединци во Белорусија

Од:

Европската унија ја разгледува можноста за воведување санкции против поединци во Белорусија поврзани со насилството и изборната измама, изјави денеска шпанската министерка за надворешни работи Аранка Гонзалез Лаја, најавувајќи дека лидерите на ЕУ утре ќе разговараат за ситуацијата во Белорусија.

Британските медиуми потсетуваат дека по неодамнешните претседателски избори во Белорусија, за кои многумина сметаат дека не беа фер, во земјата избувнаа масовни протести.

ЕУ верува дека има „простор за санкции, но не и санкции против оваа земја или нејзините граѓани, туку против лица кои поттикнуваа насилство или измами во изборниот процес“, рече Гонзалез Лаја во изјава за шпанската радио станица „Онда Серо“.

Би можело да ве интересира

Лукашенко потпиша указ за спроведување патриотско образование во армијата

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

(ВИДЕО) Моите противници се во затвор, ама вие сте тука – Лукашенко до новинар на Би-би-си

Александар Лукашенко потврди уште еден претседателски мандат

А1он

Лукашенко: Дали ги препознавате овие избори таму во ЕУ или не, е прашање на вкус – не ми е грижа за тоа

А1он

Лукашенко: Подобро диктатура како во Белорусија, отколку демократија како во Украина