Лагард: Развојот на економијата на еврозоната зависи од ситуацијата во Украина

Од:

Руската инвазија има значително влијание врз економијата на еврозоната, а нејзиниот развој ќе зависи од тоа како ќе се развива конфликтот во иднина, изјави денеска на прес-конференци шефицата на Европската централна банка Кристин Лагард.

– Ова влијае на економијата во Европа и пошироко. Конфликтите и несигурноста поврзана со нив, ја поткопуваат довербата на бизнисите и потрошувачите, рече таа.

– Економскиот развој во голема мера ќе зависи од развојот на конфликтот, влијанието на постоечките санкции и можните дополнителни мерки, потенцираше шефицата на ЕЦБ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Европската централна банка испрати предупредување

Европската банка ја зголеми основната каматна стапка

Европската централна банка ги покачи каматните стапки првпат по 11 години

Лагард: Дигиталното евро ќе биде дополнување на евро банкнотите, а не замена

А1он

Глобалните инвеститори купуваат американски долари, јени и швајцарски франци

А1он

Финскиот гувернер Оли Рен за постепено зголемување каматните стапки на ЕЦБ

А1он