Лагард повторно се појави на суд поради корупциска афера

Од:

Генералниот директор на ММФ Кристин Лагард се соочи денеска со четврта рунда испитување во суд за корупциска афера, додека била министерка за финансии во владата на Никола Саркози.

Во Париз се води случај за тајкунот Бернар Тапи од 2008 година чија афера подигна голема политичка прашина бидејќи во неа се споменува и Лагард додека била министерка.

По излегувањето од Палатата на правдата во Париз таа не даде изјава за новинари, иако претходно негираше какви било обвинувања за злоупотреба на службена должност.

Банката Кредит Лионез во државна сопственост имала побарувања од 1993 година додека Тапи бил генерален застапник на Адидас. Тапи тврди дека банката наводно го измамила и дека „намерно ја потценила вистинската вредност на компанијата во време на нејзина продажба“ и оти државата како главен акционер во банката, мора да му надомести штета од 480 милиони евра.

Лагард бранаше таков став во спор пред комисија каде Тапи е осомничен дека добил фаворизиран третман во замена за поддршка на Саркози на претседателските избори во 2007 година. На претходното рочиште во март, Лагард изјави дека секогаш застапувала интерес на државата и во согласност со закони отфрла обвинувања.

Лагард е поставена за специјален сведок во случајот што ја обврзува да доаѓа на рочиштата, но и остава „отворена врата“ за евентуални обвинувања подоцна.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Во Франција откриен прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница

(ВИДЕО) Затвореник во Франција зароби пет лица, меѓу кои и еден чувар

Макрон бара итна хуманитарна помош за Газа

Горан Наумовски