Лабуристите би победиле ако сега се одржат парламентарни избори во Велика Британија

Од:

Британската опозициска Лабуристичка партија би победила и сама би можела да формира нова Влада, доколкусега би се одржале парламентарните избори во Велика Британија, покажува истражувањето на агенцијата ИЦМ.

Според анкетата, спроведена во периодот меѓу 10 и 12 мај, на евентуални избори за лабуристите би гласале 34 отсто од Британците, за сега владејачките конзервативци 28, за евроскептичната Партија за независност на Обединето Кралство (УКИП) 18, а за Либералните демократи 11 проценти од анкетираните. Девет отсто од испитаниците, својот глас би го дале за некоја од другите партии.

Анализите што ги направиле експертите на оваа британска агенција за испитување на јавното мислење, покажуваат дека ваквиот распоред на гласовите, благодарејќи на изборниот закон, би им овозможил на лабуристите убедлива победа и можност да формираат Влада без да прават коалиција со некоја друга партија.

Конзервативците на премиерот Дејвид Камерон би загубиле 79 пратенички места, додека нивниот партнер во сегашната Влада, либералдемократите би имале 22 пратеници помалку од сега.

УКИП, која во оваа анкета има поддршката на 18 отсто од Британците, што е двојно повеќе отколку во април годинава, сепак, и натаму би останале без ниту еден пратеник во Долниот дом.

Големиот пораст на поддршката за УКИП се должи на сегашните состојби во Конзервативната партија и длабоките превирања околу односите со ЕУ, референдумот за напуштање на ЕУ и нападите што евроскептиците ги водат против својот лидер Камерон.

Актуелниот премиер, сепак, е во предност пред својот главен политички противник, лидерот на лабуристите Ед Милибанд, кога станува збор за тоа како тие ја извршуваат својата работа. За Камерон 35 отсто од луѓето сметаат дека добро работи, додека за Милибанд така мислат 26 отсто од Британците. Но, од друга страна дури 50 отсто од анкетираните сметаат дека премиерот лошо работи.

Дури 40 отсто од испитаниците оцениле дека лидерот на УКИП, Најџел Фараж добро си ја врши својата работа.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот