Пакистан соопшти дека ја исклучува можноста за воено решение за спорот за Кашмир со Индија, која во понеделникот го суспендира специјалниот статус на државата Џаму и Кашмир.
– Пакистан не предвидува воена опција (за решавање на спорот за Кашмир). Наместо тоа проучуваме политички, дипломатски и правни опции, истакна шефот на пакистанската дипломатија Шах Махмуд Куреши.
Тој додаде дека Пакистан го задржува правото да одговори на секоја индиска агресија.
Односите помеѓу Исламабад и Њу Делхи од понеделникот повторно се тензични откако Индија со претседателски указ ја отповика уставната автономија на Џаму и Кашмир, во северниот дел на Индија.