Курдските власти воведоа седумдневен полициски час во Северна Сирија

Од:

Курдските власти во Северна Сирија воведоа седумдневен полициски час во некои реони, кои неодамна и беа преземени на џихадистичката група Исламска држава (ИД).

Полицискиот час почнува од денеска и се однесува на преземените реони од страна на курдските сили во провинцијата Рака и градот Рас ал Аин, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, со седиште во Лондон.

Во последните недели значителни територии во северниот дел на Сирија се повторно под контрола на курдските „Сили за заштита на народот“.

– Ние сме во ситуација на отворена војна и внимателноста е важна. Вакви мерки се неопходни со цел да се спречи влез на непријателски сили, изјави претставник на курдските власти во Северна Сирија.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад