Курдските пратеници не присуствуваат на денешната седница на ирачкиот Парламент, соопшти пратеникот Мохамед ал Карбули.
Тензиите меѓу централната власт во Багдад и курдскиот автономен регион се зголемија по референдум за независност на Ирачки Курдистан.
Ирачкиот Парламент, во кој доминираат шиитите, го отфрли референдумот за независност, што се одржа на 25 септември во Ирачки Курдистан и во областите под контрола на курдските сили Пешмерги. На референдумот, повеќе од 90 отсто од гласачите се изјаснија „за“ независност на Ирачки Курдистан.
Ирачкиот Парламент повика на строги мерки како одговор на курдскиот реферндум. Пратениците побараа и испраќање војска за преземање на град Киркук, кој се наоѓа во регион богат со нафта, што е под конторла на курдските сили.