Владата на Ирачки Курдистан соопшти денеска дека ирачките сили и курдските Пешмерги постигнале договор за прекин на огнот во северниот дел на Ирак.
Претходно беше наведено дека примирјето би требало да ги опфати сите области каде се случија судири, откако на 25 септември во Ирачки Курдистан беше одржан референдум за независност.
– Примирјето се почитува, нагласи Вахал Али, шефот на прес-службата на курдскиот лидер Масуд Барзани.
Али наведе дека се одвиваат дипломатски активности со цел да се започнат преговори меѓу Ербил и Багдад.
Имено, ирачките власти претходно одбиваа да преговараат со регионалните власти во северниот дел на Ирак, потврдувајќи го суверенитетот на целата територија.