Курдски сили го штитат Киркук, откако радикални сунити го заземаа Мосул

Од:

Силите на ирачките Курди синоќа влегле во северниот ирачки град Киркук, на околу 160 километри југозападно од Мосул, со цел да го заштитат градот од џихадистички борци, јави ДПА, повикувајќи се на извори од силите за безбедност.

Во провинцијата Киркук се распоредени и илјадници ирачки војници и полицајци, кои ги обезбедуваат значителните за провинцијата нафтени наоѓалишта.

Претходно вчера радикални бунтовници го заземаа вториот по големина ирачки град Мосул и голем дел од околната област, нанесувајќи многу силен удар на премиерот шиит Нури ал Малики.

Организацијата „Исламска држава Ирак и Левант“ соопшти дека целосно го контролира Мосул и голем дел од северната провинција Ниневија. Групата, што се отцепи од Ал Каеда, веќе го контролира градот Фалуџа, што се наоѓа на 50 километри од главниот град Багдад, како и голем број регионои во североисточниот дел на соседна Сирија.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак