Курдската милиција демантира дека се договорила сириската армија да влезе во Африн

Од:

Сириската курдска милиција Сили за заштита на народот демантира дека се договорила со Дамаск заедно со сириската армија да влезе во енклавата Африн.

– Нема договор. Имаше само повик од нас до сириската армија да дојде и да ги брани границите, изјави портпаролот на Сили за заштита на народот, Нури Мухамед.

Советникот во администрацијата на зоните под контрола на Курдите во северна Сирија, Бадран Џија Курд вчера изјави дека властите во Дамаск и силите на сириски Курди постигнаа договор Армијата на Сирија да влезе во областа Африн за да помогне во спротивставување на турската офанзива „Маслиново гранче“, што почна на 20 јануари.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад