Курдите во Сирија почнаа контраофанзива, го вратија Рас ал-Аџин

Од:

Курдските „Единици за заштита на народот“ почнаа контраофанзива и ја презедоа контролата врз Рас ал-Аџин, откако турските трупи и нивните сојузници го окупираа овој пограничен град на 12 октомври.

Според локални медиуми, Курдите и вооружени единици на сириската опозиција кои ја поддржуваат Турција во нејзината воена операција, водат интензивни борби на периферијата на градовите.

Курдските единици во моментов го напаѓаат блискиот град Тел Халаф, кој го контролира таканаречената Слободна сириска армија.

Извештаи за судири доаѓаат и од пограничниот град Кобане, кој се наоѓа на источниот брег на реката Еуфрат.

Курдски трупи вчера го спречија планот на турските сојузници да пресечат стратешки пат кој поминува долж границата и го поврзува сирискиот економски центар Алепо со градот Ал Хасака во истоимената провинција.

Како што се наведува, нападот на турските сили и нивните сојузници бил одбиен.

Единици на сириската армија стигнале до патот во близина на градот Тел Тамер, кој се наоѓа на околу 30 километри од границата и се распоредиле во северниот дел на провинцијата Ал Хасака во договор со Курдите.

Би можело да ве интересира

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Oџалан: Отворен сум за преговори со владата

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години