Курдите прогласија федерален регион во северна Сирија

Од:

Главната фракција на сириските Курди денеска прогласи федерален регион во подрачјата под нивна контрола на северот од Сирија, соопшти курски официјален претставник.

Портпаролот на влијателната партија на сириските Курди вчера најави дека партијата планира да прогласи федерален регион во северна Сирија, пренесуваат американските медиуми.

Наваф Калил од Демократската унија изјави дека неговата партија не лобира за чисто курдски регион, но дека сака „моделот на федерализам да се примени врз сите во Сирија“.

Калил наведе дека во тоа планирано подрачје на северот од Сирија би живееле и Туркмени и Арапи и Курди.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад