Регионалната Влада на Ирачки Курдистан соопшти денеска дека ќе ја почитува одлуката на Сојузниот суд со која се забранува отцепување на тој регион од Ирак.
– Веруваме дека одлуката мора да стане основа за почеток на сеопфатен национален дијалог меѓу Ербил и Багдад, заради решавање на сите несогласувања, се наведува во денешното соопштение на Владата на Ирачки Курдистан.