Себастијан Курц, лидерот на австриските конзервативци и најверојатно иден канцелар на Австрија предложи да бидат замрзнати платите на политичарите, откако ревизорите пресметаат дека пратениците имаат право на раст на платите од 1,5 отсто.
Тој кажа дека нивното ветување било штедење во системот, а не на луѓето.
– Тоа значи дека треба да почнеме од политиката, од самите нас, рече Курц.
Курц во моментов преговара за коалициска влада со Слободарската партија на Австрија.