Курц: Мигрантите треба да се запрат на надворешните граници на Европа

Од:

Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц изјави денеска дека потенцијалните мигранти треба да бидат запрени на надворешните граници на Европа и вратени во земјите од кои доаѓаат, откако ќе им биде дадена помош и целата потребна нега.

Тој како пример го наведе Египет, каде таквите планови успешно се реализираат, истакнувајќи дека слични мерки се спроведуваат и во Шпанија и Австралија.

Курц објасни дека, во рамките на таква програма би требало да биде и помошта за земјите од каде потекнуваат мигрантите, како и програма за преселување што ќе воспостави регуларна миграција во Европа.

Шефот на австриската дипломатија претходно забележа дека невладините организации кои ги спасуваат мигрантите на море, се во дослух со трговците со луѓе и побара тие организации да го почитуваат кодексот на однесување, не посочувајќи за што точно станува збор.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Пронајдено телото на двојниот убиец од Австрија по кого полицијата трагаше со денови

А1он

Пронајден е автомобилот на убиецот Роланд Дрекслер, полицијата интензивно трага по него

Австриската полиција трага по убиецот на градоначалникот на општина Кирхберг

Убиство во Австрија: Ловџија усмрти градоначалник